Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 18 часот и 10 минути го лишиле од слобода 33-годишниот А.К. од тетовски Копачиндол.
– Непосредно пред тоа тој бил пријавен од 68-годишниот Ш.Ќ. од тетовска Голема Речица, дека на Хируршкото одделение во тетовската Клиничка болница, каде што бил вработен, физички го нападнал, при што употребил и остар предмет, соопшти СВР Тетово.
А.К. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.