Анкара: Годишниот извештај на ЕК за напредокот на Турција е неправеден и пристрасен

Анкара-Годишниот-извештај-на-ЕК-за-напредокот-на-Турција-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Турција кон влезот во Европската унија е „нефер и пристрасен“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.



Во годишниот извештај на ЕК за напредокот на Турција се наведува дека има „сериозно назадување“ во демократските стандарди, владеењето на правото, човековите права и независноста на судството, пренесува Ројтерс.

„Категорично ги отфрламе неоснованите тврдења и неправедните критики, особено во однос на политичките критериуми и поглавјата за правда и човекови права“, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

ЕК изјави и дека Турција не ги почитува принципите на владеење на правото, човековите права и основните слободи во борбата против тероризмот.

Турското министерство рече дека обвинувањата се неправедни и ја истакна „неискреноста на пристапот на ЕУ и јасниот двоен стандард“, додавајќи дека проблемите со почитувањето на основните човекови права се присутни дури и меѓу земјите-членки на ЕУ.

Апликацијата на Турција за членство во ЕУ е замрзната со години, откако во 2005 година започнаа преговорите со ЕУ за членство.

Анкара ги отфрли критиките на ЕК во претходните години и ги нарече пристрасни, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK