Музејот што викендов беше отворен во селото Сопот го одбележува убиството на 60-мина селани во 1944 година, а погрешно беше претставен како музеј на УЧК, рече министерот за надворешни раоти и портпарол на ДУИ, Бујар Османи.
Османи одговарајќи на новинарски прашања кажа дека партискиот лидер, Али Ахмети присуствувал како гостин, а прашањата за сопственоста на имотот треба да се упатат до организаторите, иако, според неговите информации се работи за семејно земјиште.
Додаде дека ДУИ нема удел во тоа, туку Ахмети присуствувал по претходно доставена покана.