Османи: Политичката поларизација и блокирањето на Собранието се главни забелешки во извештајот на Европската Комисија

ВМРО-ДПМНЕ-Што-ќе-рента-Османи-за-900000-евра-Кога-175.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Политичката поларизација и блокирањето на парламентот, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вели дека се главните забелешки во Извештајот на Европската комисија, а за тоа вината ја гледа кај опозицијата која ја блокирала работата на законодавниот дом.



Прашан од новинарите за Извештајот пред истиот да биде објавен, министерот Османи рече дека од овие причини оневозможено било да се донесат голем број законски и реформски решенија, кои би ги адресирале слабостите што евентуално ги констатирала ЕК.

Османи дополнително обвини дека опозицијата го блокира парламентот со години заради некои ситен партиско политички и дневен интерес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK