Не е нотиран напредок во судството, борбата против корупција и реформата на јавната администрација, нотира новиот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија.
Делумно подобрување има во економските критерими, но клучните области во првиот кластер остануваат без напредок. Влијание на тоа, како што се посочува, имаат и измените на Кривичниот законик, што беа изгласани во брза собраниска процедура. Во овој дел пишува дека максималните законски казни поврзани со корупција беа намалени, а тоа влијаеше на застарување, запирање, па дури и прекинување на голем број на случаи на корупција на високо ниво, вклучително и на случаи од поранешното СЈО.
Извештајот се осврнува и на разрешувањето на претседателката на судскиот совет, Весна Дамева, пришто посочено е дека се работи за контроверзно разрешување што предизвикува загриженост за несоодветно политичко влијание.
Судскиот состем, но и борбата против корупцијата се оценети меѓу одредено и умерено ниво на подготовка, а се истакнува и дека корупцијата останува распространета во многу области.
ЕК денеска објави три документи: Стратегија за проширување, планот за економски раст и принципите за распределба на финансиската поддршка.