Извршена распределба на социјалните станови во Неготино

Извршена-распределба-на-социјалните-станови-во-Неготино.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за транспорт и врски денеска изврши прелиминарна распределба на социјалната зграда во Неготино.


Право на учество на јавниот повик за распределба имаа деца без родители или родителска грижа, со навршени 18 години кои до исполнување на полнолетство биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, социјално загрозени лица – припадници на Ромска заедница и самохрани родители со малолетни деца.

Согласно критериумите објавени во јавниот повик, 51 семејство ги исполнија условите за добивање на социјален стан.

„Особено сум задоволен кога гледам дека политиките кои ги водиме носат резултати. Ова е пример за нашата вистинска грижа, за обезбедување на хумани услови и достоинствен живот за граѓаните на кои тоа им е најпотребно. Тоа е наша обврска, среќни и задоволни граѓани е наша мотивација повеќе да работиме на подобрување на животниот стандард и подобра иднина за сите. Денеска извршивме распределба на становите во Неготино. Во наредниот период тимови ќе извршат теренски увид кај семејствата кои се наоѓаат на оваа листа, по што ќе биде утврдена конечната листа на семејства кои ќе добијат станови во оваа зграда. Остануваме максимално посветени на нашите граѓани и на реализацијата на вакви проекти со кои даваме поддршка на најранливите семејства во земјата”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Распределбата на социјалните станови е согласно владините политики за станбено домување на ранливите категориии на граѓани. До сега се распределија социјални станови во Гевгелија, Демир Капија, Гостивар, Свети Николе, Виница, Пробиштип и Македонски брод.

Во фаза на изградба се социјални станови во Велес, Кочани Бутел и Дебар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK