Секс-снимката не беше пречка судијата Авдија да биде избран за претседател на Граѓанскиот суд

Секс-снимката-не-беше-пречка-судијата-Авдија-да-биде-избран-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И покрај секс-скандалот со вработена во просториите на судот, со 11 гласа „за“, Бесник Авдија беше избран за претседател на Граѓанскиот суд-Скопје.


Членовите во таа насока образложија дека нема постапка, кривична одговорност и дисциплинска повреда за да гласаат против. Оценија и дека тој го поминал тестот за интегритет.

Мери Радева рече дека за Авдија има позитивна оценка и ги исполнува сите други услови предвидени со закон. За секс снимката рече дека датира од 2019 година и тоа не е причина да не биде избран, кога нема утврдени факти, а со оглед на тоа дека се уште не е расправано по претставката поднесена од некое лице. Доколку се утврди дека има некакви причини за да не ја врши таа функција – Советот ќе постапува, рече таа.

Судијката Антоанета Димовска, пак, кажа дека тој бил единствен кандидат кој ги исполнува сите услови и лично гледајќи ја снимката, не може да кажае дека тоа би било пречка, а нема постапка за детално да се испита.

Авдија беше единствениот кандидат за претседател на Граѓанскиот суд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK