Измамен гостиварец за 2000 евра: скопјанец му понудил производи, но не му ги доставил

Измамен-гостиварец-за-2000-евра-скопјанец-му-понудил-производи-но.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 16 часот и 30 минути во СВР Тетово 56-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од лице од Скопје кое му се претставило како бизнисмен и му понудило производи во вредност од 2000 евра, извести СВР Тетово.


– Откако телефонски се договориле, пријавителот преку такси возило му ги испратил парите, но производите не му биле доставени, по што увидел дека е измамен, соопшти СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK