Кока-Кола ХБЦ Србија: Водата поврзана со труење во Хрватска не е достапна на српскиот пазар

Кока-Кола-ХБЦ-Србија-Водата-поврзана-со-труење-во-Хрватска-не.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Компанијата „Кока-кола ХБЦ Србија“ денеска соопшти дека водата поврзана со случајот со труење во Хрватска не се користи во производите на компанијата на српскиот пазар, објавуваат медиумите во Србија.



Во соопштението на „Кока-кола ХБЦ Србија“ посочуваат дека водата „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330 ml“ не е вклучена во портфолиото на компанијата на српскиот пазар и дека квалитетот и безбедноста на нивните производи отсекогаш биле клучен приоритет на компанијата, пренесоа српските медиуми.

Откако на социјалните мрежи се проширија пораки во кои хрватските граѓани се предупредуваат да не консумираат сокови и води произведени од „кока-кола“ затоа што предизвикуваат оштетување на хранопроводникот и желудникот, во Клиничката болница во Риека е потврден случај на труење, што е потврдено и од страна на полицијата во Риека.

Хрватската „Кока-кола“ потврди дека еден случај е поврзан со нивниот пијалок од линијата минерална вода „Ремеркеле“ (Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate) во стаклено шише од 330 милилитри.

Хрватските медиуми пишуваат дека се претпоставува дека едно лице се отруло со киселина откако испило безалкохолен пијалок во кафуле. Наводно, шишето со пијалокот било загадено со киселина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK