Хрватскиот министер за здравство: И денеска има неколку случаи на труење со газирани пијалаци

Се-огласија-од-Кока-Кола-за-случајот-со-труење-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газирани пијалаци.


Хрватскиот министер за здравство Вили Берош утринава за телевизијата „N1“ изјави дека денеска има „малку повеќе пациенти“ од труење со газирани пијалаци, пренесуваат хрватските медиуми.

„Има уште неколку, сите се полесно повредени, кај многумина прашање е дали се работи за хемиска повреда или психогена реакција или некоја друга патолошка состојба. Во моментов ситуацијата е под контрола“, рече тој.

Берош рече дека мора да се биде внимателен, но дека нема потреба од паника.

Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газирана пијачка.

Како што дознава „Јутарњи“ од КБЦ Загреб, синоќа во установата дошло уште едно машко лице.

Сомненијата се дека дошло до труење. Според сознанијата од болницата, мажот пиел „Ромеркел“ во кафулето.

Случајот со четвртото хоспитализирано лице во Хрватска синоќа за ТВ Дневник Нова го потврди Рајко Остојиќ, специјалист по гастроентерологија и хепатологија и претставник на Одделот за гастроентерологија при КБЦ Загреб.

„Околу 20:00 часот примивме пациент. Се работи за млад човек кој е во клинички добра состојба, лекувањето е во тек и засега изгледа клинички добро“, рече Остојиќ, додавајќи дека постои сомнеж дека тоа е труење со пијалок, но нагласено е да се чека детална обработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK