Фудбалерите на Црвена звезда нема да играат во осминафиналето во Лигата на шампионите. Ова стана јасно откако на домашен терен беа поразени од Лајпциг со 1:2 во натпреварот од четвртото коло од Г групата.
На тој начин белградскиот тим остана на еден освоен бод од четири натпревари и без шанса да ја мине групата во која заедно со германскиот тим се уште Манчестер сити и Јанг Бојс.
И покрај поразот најверните навивачи повторно ја покажаа својата лојалност кон клубот.
Неколку стотици „Делии“ останаа на трибините на „Рајко Митиќ“ долго по поразот од Лајпциг.
На нивниот „повик“ одговорија и фудбалерите кои половина час по мечот се вратија на теренот и на силниот дожд пееја и скандираа заедно со навивачите.
@hotsport.rs Delije i pored poraza daju podršku igračima Zvezde! #Crvenazvezda #Delije #HotSport ♬ original sound – Hotsport / Sportske vesti