„Не пијте пијалоци, најдобро е секогаш да пиете вода“: Министерот за здравство на Хрватска за случајот со труењето

„Не-пијте-пијалоци-најдобро-е-секогаш-да-пиете-вода-Министерот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош ги посети пациентите во Загреб кои беа примени поради труење од газирани пијалоци.



„Во моментов имаме три случаи, еден е полесен, пуштен е на домашно лекување. Еден пациент е во Риека, еден во Загреб. Сите институции си ја вршат работата, немам нови информации“, рече Берош, пренесува N1.

Тој додаде дека се водат истраги.

„Поинаква беше ситуацијата до денес кога имаше еден пациент, а сега имаме три случаи. Во тек се истраги. Немаме други елементи за предупредување освен општо предупредување да внимавате што пиете. Уште во Риека почна да дејствува полицијата и обвинителството. Утре треба да имаме прелиминарни резултати од примерокот. „Кока-кола секако е контактирана од надлежните служби“, рече министерот.

И им порача на граѓаните:

„Општото предупредување е да не пиете никаков вид на пијалоци, во секој случај најдобро е секогаш да пиете вода“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK