Продолжува здравствениот караван од Клиника Жан Митрев за бесплатни прегледи на пензионерите

DSC_4614_1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здравствениот караван на Клиника Жан Митрев „Здравје за сите“, продолжува со бесплатни кардиоваскуларни прегледи за пензионерите во Скопје и околината. Со прегледите, кои се одвиваат во Клиника Жан Митрев, се опфатени сите 14 пензионерски здруженија од каде се испраќаат пензионери со ниски примања а кои имаат потреба од ваков преглед.

Прегледите што ги спроведува тимот доктори специјалисти од Клиниката Жан Митрев содржат анамнеза, ЕКГ, ултразвучен кардио васкуларен преглед и контрола на ТА и консултации за навремено откривање и превенција на срцеви заболувања.


Клиника Жан Митрев го започна здравствениот караван „Здравје за сите“ и бесплатните прегледи со цел да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба.

Здравствениот караван и спроведувањето на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиниката и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а се спроведува во соработка со локалните организации. Карванот во претходниот период посети 11 града од Источна и Западна Македонија каде пристапот до специјалистички преглед е оневозможен, при што беа донирани прегледи во вредност од над 1.000.000 денари.

Со оваа активност Клиника Жан Митрев ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор и ја подигнува свеста за грижа за кардиоваскуларното здравје со навремена превенција од кардио заболувања на посебни целни групи и навремено идентификување и намалување на ранливоста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK