Путин во четврток во официјална посета на Казахстан: „Се очекува потпишување на голем број важни заеднички документи“

Путин-во-четврток-во-официјална-посета-на-Казахстан-„Се-очекува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател, Владимир Путин, во четврток на 9 ноември ќе престојува во официјална посета на Казахстан, каде со казахстанскиот претседател, Касим Зомарт Токаев, ќе разговара за клучните прашања од односите меѓу Москва и Астана, соопшти денеска Кремљ.


„За време на средбата со претседателот на Казахстан, планирано е да се разговара за клучните прашања за натамошниот развој на руско-казашките односи на стратешко партнерство и сојуз, перспективите на интеракција во рамките на интегративните асоцијации во евроазискиот простор, како и актуелните регионални и меѓународните проблеми“, се вели во соопштението.

Двајцата лидери ќе учествуваат и на пленарната сесија на 19. Форум за меѓурегионална соработка на Русија и Казахстан.

Се очекува потпишување на голем број важни заеднички документи, а двајцата претседатели ќе дадат изјави за медиумите, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK