Сексуално злоставувал петгодишно момче во Париз, брутално го претепал, го задавил и го оставил да умре, обвинение за 29-годишен маж

Сексуално-злоставувал-петгодишно-момче-во-Париз-брутално-го-претепал-го.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

29 годишен маж е обвинет за обид за убиство, кој беше уапсен под сомнение дека сексуално злоставувал петгодишно момче во Париз, а потоа брутално го претепал, го задавил и го оставил да умре.



Член на семејството на момчето, кој се наоѓа во болница во тешка состојба, потврдил дека осомничениот бил бебиситер и дека во последните три години редовно го чувал малато дете.

Момчето било пронајдено во петокот, завиткано во вреќа, на улица меѓу два автомобили. Малото момче било пронајдено околу 19 часот, откако осомничениот влегол во полициска станица да пријави дека го убил детето.

Полицијата веднаш го уапсила, а додека бил на распит, на телефонот покажал фотографија од момчето и објаснил каде го фрлил телото. Во исто време полицијата повикала случајни минувачи кои рекле дека пронашле дете во вреќа за ѓубре кое едвај дише.

Кај детето биле констатирани тешки физички повреди по телото и вратот, а постои сомневање дека момчето било сексуално злоставувано. Како што пренесуваат француските медиуми, осомничениот ја завиткал главата на детето во вреќа за ѓубре.

На рочиштето во обвинителството, осомничениот се бранеше молчејќи и не откри зошто го малтретирал и се обидел да го убие момчето.

Инаку, осомничениот и претходно бил обвинет за полов напад врз малолетник. Тој е осомничен дека во јуни минатата година злоставувал дете кое имало 15 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK