Рускиот претседател Владимир Путин се уште не одлучил дали ќе се кандидира на претседателските избори во март 2024 година, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, демантирајќи ги медиумските извештаи дека Путин веќе одлучил да се кандидира.
„Путин се уште нема дадено никакви изјави во врска со ова. Изборната кампања се уште не е објавена“, рече Песков, а пренесува Тасс.
Се очекува претседателските избори во Русија да се одржат на 17 март 2024 година, а одлуката за тоа ќе ја донесе следниот месец Советот на Федерацијата, Горниот дом на парламентот. Според руските закони, Путин има право да се кандидира за уште еден мандат.
Ројтерс објави дека Путин одлучил да се кандидира за реизбор во март, што потенцијално ќе му овозможи да остане на власт најмалку до 2030 година.