Хорор во Букурешт: Жена скокнала од 5-ти кат, паднала врз минувач и го убила

Хорор-во-Букурешт-Жена-скокнала-од-5-ти-кат-паднала-врз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Илеана Кристеа (60) трагично загина откако жена која се обидела да се самоубие паднала врз неа од 5-ти кат во зграда во Букурешт, јавуваат романските медиуми.



Сè се случило во романската престолнина околу 9 часот наутро, а Илеана вечерта починала во болница, јавува 24сата.хр.

Имено, Илеана на 25 октомври ја напуштила зградата во која живее и се упатила кон автобуската станица. Имала две деца и работела како сметководител во Националната служба за вработување. На половина пат до автобуската станица, врз неа паднала жена која скокнала од 5-ти кат од зградата.

Жената која скокна, паднала врз Илеана од висина од 20 метри, а стручњаците наведуваат дека тоа е како да ја удри автомобил со брзина од 60 км/ч. И двете после падот биле свесни, а случајните минувачи веднаш повикале брза помош.

Жената која скокна од зградата продолжи да се извинува и рече дека погледнала пред да скокне за да се увери дека никој не поминува.

Илеана вечерта починала во болница, додека жената која скокнала поминала со полесни повреди.

Семејството на Илеана најави дека ќе ја тужи жената и ќе бара отштета, а полицијата ја товари за убиство од небрежност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK