„Министерот на здравство и директорот на Онкологија ја штителе омилената веледрогерија на власта, иако доцнела со испораки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Министерот-на-здравство-и-директорот-на-Онкологија-ја-штителе-омилената.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Министерот на здравство и директорот на Онкологија ја штителе омилената веледрогерија на власта, иако доцнела со испораки, Канцер мафијата го нагризала системот. Министерот за здравство и директорот на Онкологија овозможиле со нивното непостапување една веледрогерија блиска до власта да го уценува целиот систем“, вели ВМРО-ДПМНЕ.



„Во извештајот за работата на Онкологија стои: Иако доцнат со испораките и се создадени дефектури ( при што пациентите воопшто не ги примаат лековите или ги купуваат на сопствен трошок ) – не е испратен ниту еден допис од одговорните лица, ниту е нешто преземено да се надмине дефектурата, да се извести Бирото за јавни набавки, да се даее негативна референца на добавувачот или да се прекине договорот.

Зошто Министерот за здравство и директорот на Онкологија не ја прајавиле веледрогеријата дека доцни и не ги испорачува потребните лекови? Дали намерно се штити истата за да не добие негативна референца и да може да продолжи да испумпува милиони од МЗ?

Додека омилената веледрогерија на власта книжела милиони пациентите ја немале потребната терапија, а Министерот за здравство и директорот на Онкологија молчеле и се директно виновни за трагедијата која им се случувала на болните од рак“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK