17. годишник повикан во бразилската репрезентација

17-годишник-повикан-во-бразилската-репрезентација.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на бразилската репрезентација Фернандо Диниз го повика напаѓачот Ендрик (17) за натпреварите со Колумбија (17 ноември) и Аргентина (22 ноември) како дел од квалификациите за пласман на СП 2026. Ендрик е најмладиот бразилски фудбалер вклучен во националниот тим по Роналдо во 1993 година.


Ендрик е напаѓач на Палмеирас, кој ќе му се приклучи на Реал во летото 2024 година. Да потсетиме, „кралскиот клуб“ за талентираниот напаѓач веќе плати 37.500.000 евра.

Според „Трансфермаркт“, на 54 официјални настапи за Палмеирас, тој постигнал 14 и асистирал два гола.

„Ендрик има потенцијал да стане еден од најдобрите. Не знам дали ќе успее во тоа. Поканата не е притисок, туку награда и најава за идниот успех на ова момче”, изјави Диниз.

Списокот на бразилската репрезентација за натпреварите со Колумбија и Аргентина:

Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер сити), Лукас Пери (Ботафого)

Дефанзивци: Емерсон Ројал (Тотенхем), Карлос Аугусто (Интер), Ренан Лоди (Марсеј), Бремер (Јувентус), Габриел Магалаеш (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Нино (Флуминенсе)

Играчи од средниот ред: Андре (Флуминенсе), Бруно Гимараеш (Њукасл), Даглас Луиз (Астон Вила), Жоелинтон (Њукасл), Рафаел Веига (Палмеирас), Родриго (Реал Мадрид)

Напаѓачи: Ендрик (Палмеирас), Габриел Жесус (Арсенал), Габриел Мартинели (Арсенал), Жоао Педро (Брајтон), Паулињо (Атлетико Минеиро), Пепе (Порто), Рафиња (Барселона), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK