Едногодишно бебе почина денес во охридската болница.
Според информациите од СВР Охрид, бебето утрово во 7.44 било донесено во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата е констатирана смрт.
Состојбата на бебето, како што се наведува, е резултат на претходни заболувања и нема траги на насилство.
За настанот е информиран јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на семејството.