АД ЕСМ додели стипендии на 11 студенти од Техничкиот факултет Битола, во износ од 80.000 денари годишно и се доделуваат за 10 месеци односно во текот на целата академска година. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, а стипендиите се продолжуваат еднаш годишно врз основ на исполнување на утврдени критериуми пропишани во договорите за стипендирање што, пак, се услов за продолжување на стипендиите.
АД ЕСМ, преку својата Подружница РЕК Битола беше, е и ќе остане столб на битолската економија и стопанство, а ќе остане основа и столб и на електроенергетскиот систем на Македонија. Затоа, ве повикувам сите тука присутни и останатите ваши колеги од Техничкиот факултет Битола да вложувате во вашето знаење. Ние сме тука да ве поддржиме, со желба наскоро да ве имаме и во нашите производствени капацитети, порача Генералниот Директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов
„АД ЕСМ традиционално вложуваат во образованието и доделувањето и продолжувањето на стипендии за АД ЕСМ, како општествено-одговорна компанија, востановена е практика повеќе од 10 години и претставува поддршка на образовниот процес што нашата компанија ќе ја продолжи и во иднина. На тој начин, АД ЕСМ директно го поддржува образовниот процес и создавањето кадри што се прифатени, барани и неопходни на пазарот на трудот, особено од областа на електротехниката, машинството и информациските технологии“, велат од АД ЕСМ.