Словенецот Лука Дончиќ смета дека Никола Јокиќ е најдобриот играч на светот во моментов.
Двајцата беа главни актери на мечот меѓу Денвер и Далас кој му припадна на Нагетс (125:114), а Дончиќ по мечот го пофали српскиот центар, истакнувајќи дека сите во НБА биле свесни за неговата генијалност.
„Мислам дека сите знаеја за него пред МВП наградите и финалето на НБА. Тој не е многу во медиумите, но сите играчи, сите тренери знаат колку е посебен. Во моментов тој е веројатно најдобриот кошаркар во светот“, рече Дончиќ и додаде:
„Тој е одличен, секогаш е забавно со него. Тој е одличен кошаркар, одлично момче. Тоа е она што најмногу го сакам кај него. Секогаш се шегуваме. Едноставен и неверојатен човек”.
Денвер и Далас повторно ќе се сретнат на 19 декември.