УЕФА и „Фрнас фудбал“ формираа партнерство, заедно ќе ја доделуваат Златната топка

УЕФА-и-„Фрнас-фудбал-формираа-партнерство-заедно-ќе-ја-доделуваат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Свесни дека ФИФА полека го гради култот на наградата „Најдобар“, а наградата за најдобар фудбалер на годината на
Свесни дека наградата за фудбалер на годината не го достигна посакуваното влијание и важност во светот на фудбалот, УЕФА реши да влезе во партнерство со францускиот магазин „Франс фудбал“, кој ја доделува Златната топка.



Европската куќа на фудбалот и компанијата „Груп Амаури“ потпишаа договор за соработка што треба „да го подобри статусот и глобалната видливост на наградата“.

УЕФА ќе ја преземе самата организација на настанот и тој повеќе нема да се одржува исклучиво во Париз, а ќе бидат додадени и категориите „машки и женски тренер на годината“.

Самиот систем на гласање, кој вклучува спортски новинари од целиот свет, засега нема да биде променет.

Финансиските детали од зделката не беа откриени, но затоа УЕФА одлучи да ја укине наградата „Европски фудбалер на годината“.

Оваа „зделка“ беше објавена набргу откако Лионел Меси ја освои осмата Златна топка во конкуренција на Ерлинг Холанд и Килијан Мбапе.

„Франс фудбал“ имаше сличен договор со ФИФА, од 2010 до 2015 година, кога наградата беше наречена „Златна топка на ФИФА“. Веќе во 2016 година дојде до раскол и ФИФА го лансираше изборот „Најдобар“ на глобално ниво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK