(Видео) Македонски филмови се прикажуваа на фестивал во Торонто, се чекаше редица за билет повеќе

Видео-Македонски-филмови-се-прикажуваа-на-фестивал-во-Торонто-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку македонски филмови беа прикажувани минатата недела на филмската смотра на македонскиот филм во Торонто.


„Гласот на Америка“ од лице место следејќи го настанот јави дека имало редици на билетарите, а сподели и видео со импресии на присутните гости на фестивалот.

18. издание на фестивалот го отвори „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски, а го затвори „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски. Селектирани беа и кратките филмови „Северен пол“ на Марија Апчевска и „Баскет“ во режија на Димитар Банов.

„Извонреден настан, не само за македонската заедница, туку и за градот Торонто. Можност да ја претставиме нашата храна, култура, музика, филм. Да покажеме дека имате талентирани филмаџии“, велат посетитети со кои разговораше „Гласот на Америка“ на отворањето на Фестивалот во центарот на градот.

Брилијантно е да се види културното наследство, за минатото, сегашноста, иднината, потенцира организаторката Вирџинија Еванс.

Македонскиот филмски фестивал ќе расте, само ако расте бројноста на публиката, рече организаторката Вирџинија Еванс, која речиси две децении неуморно работи на реализирање на филмската смотра, која секоја година, традиционално, се одржува во оваа метроропола за филмот во Канада, јави „Гласот на Америка“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK