Телеком Србија втора година по ред најголема и најуспешна компанија за телекомуникации во регионот

TS-LOGO-1920-1080
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Преку континуирано иновирање, воведување нови квалитетни услуги и понуда која овозможува едно поинакво дигитално искуство за корисници, Телеком Србија групацијата втора година по ред ја обезбеди титулата „најголема и најуспешна компанија за телекомуникации“ во сите земји од поранешна Југославија.

Според рангирањето кое што го прави угледниот хрватски бизнис магазин „Медиа Дејли“, српската телекомуникациска компанија, која во Македонија е присутна со својата фирма-ќерка МТЕЛ, според своите приходи и успешност ги надминува и светските телекомуникациски гиганти присутни со свои компании во регионот, како А1 и Дојче Телеком.


„Потврдено е дека сме убедливо најголема и најуспешна компанија за телекомуникации во сите земји од поранешна Југославија, втора година по ред. Дури ја зголемивме разликата во однос на второпласираниот Хрватски телеком за повеќе од 200 милиони евра приходи, што во минатото речиси беше незамисливо. Во претходните пет години успеавме да ги зголемиме приходите за цели 50 отсто, тоа за нашата индустрија е огромен резултат. Сето ова покажува колку е успешна трансформацијата на Телеком Србија, на која што работиме од 2018 година“, изјави неодамна генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ.

Компанијата во изминатите години успешно се промовираше во оператор кој што целиот регион го повлекува напред кон сеопфатна дигитална трансформација.

Во овој момент компанијата пружа услуги кон речиси 11 милиони корисници на седум телекомуникациски пазари – Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Австрија и Швајцарија, Германија.

Плановите на Телеком Србија, согласно изјавите на менаџментот, и за во иднина се особено амбициозни со намера да се прошири делувањето и во други земји во Европа, но и во САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK