Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од 30 дена на првопријавениот во акцијата „Синџир“, соопшти Управата за финансиска полиција. Оттаму велат дека првопријавениот е еден од организаторите на злосторничкото здружување.
Оваа недела Управата за финансиска полиција спроведе акција во повеќе градови низ државата, која акција е резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. Уапсени беа 20 лица, по шестмина се трагаше, а истрага има за 28 фирми за злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари.