(Видео) Во Франција дуваше ветер до 200 километри на час, брановите биле високи 20 метри

Видео-Во-Франција-дуваше-ветер-до-200-километри-на-час.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невремето Киаран денеска ја зафати северна Европа со силни ветришта и дожд, однесе еден живот во Франција и ги стопираше аеродромскиот, железничкиот сообраќај и фериботите.


Паднато дрво усмрти возач на камион североисточно од Париз, а 1,2 милиони домаќинства во Франција останаа без струја.

Властите во Финистер, Бретања, ги повикаа луѓето да останат дома за да избегнат ветрови кои достигнуваат брзина до 207 километри на час. Брановите во северозападната француска провинција пораснаа до 20 метри, пренесува Ројтерс.

Бурата Киаран, која пристигнува по бурата Бабет пред две недели, ја носи силна млазна струја од Атлантикот. Донесе големи дождови и силен ветер кои веќе предизвикаа поплави во Северна Ирска.

Во Велика Британија најпогодени се Каналските Острови. Би-би-си јавува дека на островот Гернзи биле уништени прозорци и покриви од куќи, поради што семејствата барале засолниште во хотели.

И блискиот југ на Англија беше погоден. Голем број училишта се затворени, а итните служби ги предупредуваат жителите да го избегнуваат брегот.

Холандската авиокомпанија КЛМ објави дека откажала неколку десетици летови од аеродромот Шипхол во Амстердам.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK