ОН за израелскиот напад врз бегалскиот камп во Газа: Тоа може да биде воено злосторство

ОН-за-израелскиот-напад-врз-бегалскиот-камп-во-Газа-Тоа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Канцеларијата за човекови права на ОН на социјалните мрежи го коментираше вчерашниот израелски воздушен напад врз бегалскиот камп Џабалија.


„Со оглед на големиот број цивилни жртви и размерите на уништување по израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, ние сме сериозно загрижени дека ова се непропорционални напади кои би можеле да претставуваат воени злосторства“, соопшти ОН.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера го нападнаа бегалскиот камп Џабалија при што загинаа најмалку 50 луѓе. Новинските агенции ги снимија последиците од нападот. На фотографиите се гледаат големи кратери опкружени со уништени згради. Спасувачите од урнатините извлекувале мртви или повредени деца.

ИДФ го потврди нападот, велејќи дека цел бил подземната терористичка инфраструктура под погодените згради и убила висок командант на Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK