Српската фудбалска репрезентација е казнета со еден натпревар без публика и вкупна парична казна од 89.250 евра поради навивачки инциденти на натпреварот со Црна Гора.
Србија на 19 ноември ќе игра во Лесковац со Бугарија во последниот квалификациски натпревар за Европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година.
Казната на УЕФА не значи автоматски дека стадионот во Лесковац ќе биде празен, бидејќи Фудбалскиот сојуз на Србија ќе ја искористи можноста да има деца до 14 години на трибините, што значи дека избраниците на Драган Стојковиќ ќе имаат убава средина за историски пласман на ЕП.
На 17 октомври на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, Србија ја совлада Црна Гора со 3:1 во натпреварот од групата Г квалификациите за ЕП 2024. Србија е на второто место на табелата од групата Г квалификациите за ЕП во Германија со 13 бода.
На „орлите“ им е потребен бод во следниот меч против Бугарија за пласман на ЕП, под услов Црна Гора на домашен терен да ја совлада Литванија на 16 ноември.
Воедно, УЕФА го казни и ФК Црна Гора со вкупно 20.000 евра и забрана за носење навивачи на следниот натпревар на гости.
УЕФА нареди ФСЦГ да стапи во контакт со ФСС и да ја надомести штетата на стадионот „Рајко Митиќ“ која ја направија црногорски навивачи.