Пропалестински демонстранти пуштија глувци обоени во боите на палестинското знаме во два ресторани за брза храна Мекдоналдс во Бирмингем.
Првиот инцидент се случил во понеделникот, а од полицијата велат дека започнале истрага. На видеото од настанот објавено на социјалните мрежи, се гледа како маж ги носи глодарите и ги фрла на подот на Мекдоналдс пред посетителите. Потоа извика: „Бојкот на Израел“.
In Birmingham, a Palestinian “activist” – psychopath released dozens of mice painted in the colors of the Palestinian flag into McDonald’s restaurant.
At the same time, this vandal shouted: “Freedom for Palestine.” pic.twitter.com/u2j7TFDxji
— Israel War Room (@IsraelWarRoom) October 31, 2023
Текстот на крајот од видеото ги повикува луѓето да ги бојкотираат сите брендови кои директно го поддржуваат „израелскиот апартхејд“.
Мекдоналдс Израел и дал илјадници бесплатни оброци на израелската армија. Како резултат на тоа, франшизите во некои земји со мнозинско муслиманско население, како Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Турција, се одвоија од израелската франшиза, пишува „Гардијан“.