Фудбалерите на Струга ТЛ го добија Вардар во одложениот натпревар, во Првата македонска фудбалска лига. Попладнево во Струга, актуелниот шампион го победи Вардар со 4:0 (0:0).
Актуелниот шампион го скрши отпорот на црвено-црните во второто полувреме. Ветеранот Ибраими го постигна првиот гол во 56.минута, предноста на Струга ја зголеми Мазрекај во 75.
До крајот по гол постигнаа Тахири во 84. и Јаровиќ во 93.минута.
Со овој триумф Струга дојде до 24 бод и има еден помалку од лидерите Шкупи и Шкендија. Вардар остана последен на табелата со 11 поени.
Foto/ facebook.com/Fcstruga