ИДФ: Цивилните жртви се трагични, но има воена потреба која мора да се исполни

ИДФ-Цивилните-жртви-се-трагични-но-има-воена-потреба-која.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потполковникот на ИДФ, Петер Лернер даде интервју за „Скај њуз“ каде го објасни ставот на израелските воени сили во однос на страдањата на палестинските цивили.


ИДФ ја презеде одговорноста за вчерашниот напад на бегалскиот камп Џабалија, каде неофицијално беа убиени повеќе од 50 луѓе, а повеќе од 150 повредени.

Лернер рече дека ИДФ го нападнала и убила командантот на Хамас по име Ибрахим Биари.

„Цивилните жртви се навистина трагични, членовите на Хамас намерно се кријат меѓу цивилите“, се правдаше тој.

„Ги извршуваме нашите напади против Хамас. Ова е причината зошто веќе три недели бараме од луѓето од северот да одат на југ“, рече Лернер.

„Знаеме дека Биари се криеше во Џабалија, знаеме дека тие намерно се кријат меѓу цивилите. Цивилните жртви на оваа војна се навистина трагични и гледаме дека оваа терористичка организација не води сметка за човечките животи“, рече тој.

Тој додаде дека ИДФ „прави се“ за да се обиде да го ограничи бројот на загинати цивили, но додаде дека Хамас „треба да биде уништен“.

Запрашан дали нападот ја прекршил Женевската конвенција, потполковникот Лернер рече дека има „воена потреба“ која мора да се исполни и дека не е јасно колку од загинатите се борци на Хамас, а колку цивили.

„Ние сме решени да го уништиме Хамас и да го разбиеме нивниот режим“, рече тој, а потоа додаде: „Мораме да се запрашаме колку луѓето се подготвени да се жртвуваат“.

ИДФ вели дека Биари бил еден од лидерите на Хамас одговорни за испраќање милитанти да ги извршат смртоносните напади во Израел на 7 октомври.

Тој е обвинет и за извршување на нападот на пристаништето Ашдод во 2004 година, како и за насочување на ракетен оган кон Израел и планирање бројни напади врз ИДФ во последните две децении.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK