Полицијата синоќа околу 21 часот и 30 минути, на улицата Илинденска во Тетово, го приведе 23-годишниот Н.А. од тетовска Голема Речица поради насилство.
Младиот тетовец еден час пред приведувањето бил пријавен од 22-годишна тетовка, со која претходно бил во љубовна врска, дека попладнето физички ја нападнал додека со возило се движеле низ централното подрачје, велат од СВР Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.