Црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ го направи првиот потег во четвртиот мандат во Виторија и го донесе Крис Чиоза (27) во Басконија.
Американецот ја покрива плејмејкерската позиција, а договорил соработка со шпанскиот тим до крајот на сезоната, објави официјалниот сајт на клубот.
Чиоза минатата сезона ја мина во Мурсија каде имаше просек од 9,9 поени, 3,5 скока и 5,4 асистенции.
Претходно играше во НБА за Голден стејт, Бруклин, Вашингтон и Хјустон. Со Вориорс беше шампион на најсилната лига на светот во 2022 година.
Во НБА лигата одигра вкупно 91 меч и имаше просек од 3,3 поени со 2,4 асистенции и 1,3 скока.
Чиоза за Басконија ќе дебитира во петок, против Партизан на домашен терен.