Хамас: Израелците убија седум заложници во напад на бегалскиот камп

Хамас-Израелците-убија-седум-заложници-во-напад-на-бегалскиот-камп.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хамас тврди дека седум заложници биле убиени во вчерашниот израелски воздушен напад врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа. Милитантната група рече дека тројца заложници биле странци.



„Бригадите Ал-Касам (военото крило на Хамас) го потврдија убиството на седуммина нивни цивилни затвореници во масакрот во Џабалија вчера, вклучително и тројца сопственици на странски пасоши“, се вели на каналот на Телеграм под контрола на Хамас. Ова тврдење не е независно потврдено.

Израел соопшти дека нападот бил насочен и кон командантот на Хамас по име Ибрахим Биари, еден од лидерите одговорни за организирање на нападот на 7 октомври. Официјални лица во индонезиската болница во Газа соопштија дека повеќе од 50 луѓе загинале во нападот, а уште 150 се повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK