Од СДСМ велтат дека поминаа 2 години, половина од мандатот на ДПМНЕ како локална власт во над 40 општини, а безброј нереализирани изборни ветувања се дадени пред граѓаните и безброј нереализирани проекти од изборната програма.
„Општините предводени од ДПМНЕ наместо да се развиваат, стагнираат, а граѓаните се соочени со зголемени цени на давачките за комунални услуги, данок на имот, паркинг, превоз. По две години резултатот на ДПМНЕ е поразителен. Нема проекти, нема резултати“, дополнуваат од СДСМ.
Според нив, ВМРО- ДПМНЕ не ја оправдал довербата дадена на локалните избори и ги изневерил граѓаните.