Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки го загуби мечот на стартот на Мастерсот во Париз. Подобар од Шпанецот беше Роман Сафијулин од Русија со 6:3, 6:4.
Поразот на Мастерсот во Париз, веројатно ги згасна надежите дека годината ќе ја заврши на првото место.
Една работа во овој момент е сигурна, тој уште некое време нема да може да му се доближи на Новак Ѓоковиќ, односно српскиот тенисер сигурно ќе дојде до 399 недели на првото место на АТП листата.
Прашањето е дали тој може да ја пробие магичната бројка од 400 недели на врвот?
Новак моментално е на првото место на АТП листата со 11.045 бодови и брани 600 бода во „Градот на светлината“.
Алкараз моментално е на второто место со 8.625 бодови, а во Париз бранеше само 180 бодови, па може да се каже дека не загуби премногу бодови.
Сепак, постои шанса во директна пресметка да го урне Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ лани играше во финалето на Мастерсот во Париз, што значи дека доколку ја освои титулата ќе освои 400 поени.
Математиката вели дека во тој случај Ѓоковиќ би требало да оствари барем една победа во групната фаза на завршниот Мастерс во Торино.
Таа носи 200 поени и тоа математички би го обезбедил првото место на крајот на 2023 година, што би го направила по осми пат во кариерата.
RANKINGS UPDATE FOR THE #NOLEFAM
It is now mathematically impossible for Novak to lose the #1 ranking before November 20, 2023.
That’s 3️⃣9️⃣9️⃣ weeks as #1 guaranteed.
Ajde!
🔥💥🎉🎊🥂💃🏻🕺🎾🇷🇸🥇❤️
— 🦋 Yolita🐊 (@Yolitatennis) October 31, 2023