Ученикот им се заканувал на другарите во Босна: „Дојдете утре пред училиште, ќе ви покажам како се пука“

Ученикот-им-се-заканувал-на-другарите-во-Босна-„Дојдете-утре.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ученик од Основното училиште „Солина“ во Тузла се заканувал на друг ученик, а во преписката било споменато и употреба на огнено оружје, поради што управата на училиштето веднаш реагирала и ја известила полицијата.


Нивната кореспонденција се појави на социјалните мрежи:

– Дојдете утре пред училиште во 11:20 часот, ќе ви покажам како се пука – рекол ученикот кога бил испровоциран, „дека веројатно никогаш во животот не видел пиштол, а камоли да знае да пука“ – пренесува Аваз.

Останатите го следеле примерот, велејќи дека „не сакале да губат време на личност која лаже“.

Директорката на ОУ „Солина“ Белма Смајиќ во саботата го пријавила случајот во полиција, а припадници на полицијата вчера биле во училиштето и разговарале со родителите.

За случајот бил информиран и дежурниот кантонален обвинител.

– Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, како дел од своите редовни обврски и задачи, спроведува мерки за сузбивање и спречување на малолетничката деликвенција- изјавија од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK