Мицкоски: Во проектот за делниците 8 и 10д Владата е фатена во сериозен криминал, сега се труди да го покрие со закон за заштита на деловни тајни

Мицкоски-Во-проектот-за-делниците-8-и-10д-Владата-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во врска со закон за деловните тајни добиваме информации преку медиуми. Мислам дека е поврзано со еден проект за кој тие велеа дека е деловна тајна, ние велевме дека не е деловна тајна. Тоа е проектот за делниците 8 и 10д, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на општина Лозово во рамки на „Важно е! Од тебе зависат промените“.



Тој укажа дека „таму се фатени буквално во сериозен криминал и сега се трудат како сето тоа да го покријат“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информираше дека таков текст на закон не е доставен до партијата укажувајќи дека во брзање да го покријат криминалот ќе донесат еден ваков закон.

Но, тоа, додаде, Мицкоски, нема така да помине.

„Оваа нивна идеја нема така да помине се разбира доколку не е злоупотребено европското знаменце, ако го злоупотребат европското знаменце тогаш со промената на власта, следната влада има сериозна намера сето тоа да го коригира“, кажа Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK