Почина и бабата по труењето со пита во Скопје

obvinitelstvo-800x450.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавен обвинител од скопското обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на 79-годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со пита во Скопје.



Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж беше пуштен на домашно лекување.

Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето.

Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK