Поскапува парното во Скопје, новата цена ќе биде за 4,51 отсто повисока

Поскапува-парното-во-Скопје-новата-цена-ќе-биде-за-451.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното зголемување на цената од над 50 %, одобри 4,51%.


Тоа на сметка од 1000 денари значи зголемување од 45 денари, поконкретно на една просечна сметка од 1800 денари, зголемувањето е 80 денари, објасни Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

„Со овие одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично приморани што побрзо да го стават во функција топловодот Беласица за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕТО. РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на потрошувачите поставува финансиска рамка и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на ЕСМ. Со работата на ТЕТО и функционирањето на топловодот Беласица просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1 800 денари, без работа на ТЕТО 2 800 денари, што е разлика во цена од 60 %“, изјави Бислимоски.

Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK