Брнабиќ за изборите: Ако изгубиме ќе бидеме одговорна опозиција

Брнабиќ-за-изборите-Ако-изгубиме-ќе-бидеме-одговорна-опозиција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска изјави дека изборите на 17 декември ќе се одржат затоа што е важно Српската напредна партија (СНС), чија функционерка е таа, уште еднаш да ја провери волјата на народот и да провери дали ја има таа стабилност.


„Ако немаме, СНС ќе честита, ќе бидеме одговорна опозиција. Мислам дека тоа нема да се случи. Сосема сум уверена дека нашите луѓе ќе гласаат за резултатите и за планот и програмата за иднината“, изјави Брнабиќ за српска телевизија.

Зборувајќи за посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Белград, Брнабиќ рече дека „и покажала особена чест на Србија со тоа што останала овде една ноќ“, односно најдолго престојувала во Србија, во текот на четиридневната посета на земјите од Западен Балкан.

Брнабиќ најави дека в четврток ќе отпатува за Пекинг, каде ќе се сретне со кинескиот премиер и со претседателот Си Џинпинг за политички и економски прашања.

Брнабиќ рече дека посетата е и економски и политички важна за Србија, бидејќи доаѓа неколку недели по потпишувањето на договорот за слободна трговија со Кина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK