На 2 ноември во 20 часот во КСП Центар Јадро ќе се одржи самостојна изложба на фотографии на Глигор Кондовски насловена „Импровизации“
На отворањето на изложбата настапува џез трио: Глигор Кондовски – виолина, Владан Дробицки – тромбон, Дени Омерагиќ – контрабас. Изложбата ќе ја отвори Мирко Попов.
„Во овој фотографски момент, Глигор ја поставува фотографијата на ниво на класичната визуелна техника. Медиумот е граница, но ликовниот израз е високата визуелна точка на вкрстување на сите технички патувања. Слободниот дух и слободната рака во овој случај го одвеле уметникот на најнеочекуваните фотографски надминувања, додека слободата како апсолут во сите сфери од животот ја носи и како ангажирана идеја овојј современ уметник. Овие фотографии поставуваат прашања: што е слобода, ги преиспитува границите на слободата, односот на современиот човек кон слободата, како и тоа што е внатрешна ,а што надворешна слобода?“ – М-р Билјана Билбилоска, ликовен уметник
М-р Глигор Кондовски (1980) дипломира на Факултетот за музичка уметност, вокално- интрументален оддел, отсек виолина. Дипломира на вториот Факултет за драмски умености при Тетовскиот универзитет, филмска и ТВ режија. Магистрира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Филмско и ТВ сценарио. Моментално е вработен како наставник по виолина во ДМУ “Тодор Скаловски – Тетоец” во Тетово. Во 2008 година негова композиција “Green dance” е во компилационо цд под наслов “Imamo dobro glasbo” издадено преку радио Вал202 при РТВ Словенија. Во 2014 година учествува со експериментален филм “Рестарт” на Микорарт фестивал во Белград, Србија. Во 2016 на Festival u Slavonski brod, Croatia. Во 2016 на Indipendent European Cinema, во Нови Сад, Р. Србија. Во 2017 на Студентски филмски фестивал “New wave” Софија, Р. Бугарија. Во 2019 со филмот “Попладневни малини” учествува на државен филмски фестивал во Крушево, на Вива фестивал во Сараево, Босна и Херцеговина и на “Inshort fest” во Нигерија. Прва самостојна изложба на фотографии насловена како “Обични профили” ја прави во Смедеревска паланка, Р. Србија, во 2018 година како и дел на мои фотографии учествуваа на: Изложба на фотографии во Музеј на Современа уметност и ЕУ Инфо Центар во склоп на проект “Денови на разноликоста”, 2017. Самостојна изложба под наслов на фотографии: “Тетовски Џез моменти”, 2019 со поддршка на Министерство за култура. Самостојна изложба на фотографии под наслов: “На сцена”, 2020 со поддршка на Министерство за култура. Самостојна изложба на фотографии под наслов: “Сфера” со поддршка на Министерство за култура, 2021 година. Во 2020 го издава музичкиот албум: “here” под македонскиот лејбел “Шарла”, после тоа за истиот лејбел ги издава албумите: “Беседа” за соло виолина импровизација и “hover”, 2021 година. После тоа за ПМГ ЏЕЗ го издава албумот: “Nightscape”, во 2021 заедно со џез тромбонистот Владан Дробицки, и во 2022 година за истата дискографска куќа го издава албумот: “Разгледи” заедно со Марија Каева – вокал, Владан Дробицки – Тромбон. Со композицијата “Once upon a train” учествува на една компилација наречена “Клавирско небо” во Р. Србија, 2021 година. Во 2022 го издава соло албумот: “Encounter”, за издавачката куќа – ПМГ ЏЕЗ. Неколку промотивни настапи на албумот: “Крај Вардарот Сесии” во Аудиокултура. Настап на Џез фестивалот: “Крај Вардарот Џез”, 2023 и настап на: “Скопско лето”, 2023 година.