Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: СДС И ДУИ, Градската општа болница „8 Септември“ ја направија партиско дувло

Комисија-за-здравство-на-ВМРО-ДПМНЕ-СДС-И-ДУИ-Градската-општа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На огласот за вработување во ГОБ „8 Септември“ вработенa е ќерката на пратеничката Мира Стојчевска, познатата како Мира Дизел. За вработувањето на Александра Стојчевска сведочат вработени во ГОБ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Вработените, како што истакнуваат од оваа партија, прашуваат дали ГОБ „8 Септември“ наместо да вработува квалитетни кадри, станало дувло на партиските кадри на СДС.

„Во период во кој Владата на СДС-ДУИ го урна здравствениот систем со ова директно ги демотивира младите кадри со праќање вакви пораки за вработување на партиски кадри.

Со ова Владата на СДС-ДУИ е учесник во егзодусот на медицински кадар кои продолжуваат да си заминуваат од јавното здравство токму поради ваквите случаи на вработување на партиски кадри“, реагираат од опозициската партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK