Премиерот на Либан, Наџиб Микати денеска изјави дека доколку неговата земја влезе во војна со Израел, ќе го вовлече целиот Блиски Исток во хаос.
„Ако Либан влезе во војна, нема да заврши тука. Целиот регион ќе влезе во состојба на хаос“, изјави Микати за „Sky News Arabia“.
Тој нагласи дека од Израел зависи дали Либан ќе се вклучи во конфликтот.
„Топката е во теренот на Израел. Војната ќе ескалира ако Израел продолжи да ја гаѓа нашата територија“, рече Микати, пренесе Танјуг.
Според него, „направен е акционен план со меѓународните организации во случај на војна“.
Сепак, тој не ги прецизираше деталите за тој план.