Нетанјаху: Израел нема да се согласи на прекин на огнот, тоа би било предавање на Хамас и тероризмот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел нема да се согласи на прекин на огнот бидејќи тоа би било еквивалентно на предавање на Хамас и тероризмот, изјави Бенјамин Нетанјаху, пренесува „Sky News“.



Израелскиот премиер одржа прес-конференција додека израелските трупи напредуваа подлабоко во Газа, а главниот воен портпарол на Израел предупреди дека воените операции на територијата ќе „ескалираат“.

Тој ги осуди „варварите“ на Хамас за обидот да го уништат „ветувањето“ за иднината на Израел.

Тој го повика светот да не се предава на тиранијата и теророт, пренесува „Sky News“.

„Израел не ја започна оваа војна. Израел не ја сакаше оваа војна. Но, Израел ќе победи во оваа војна“, рече Нетанјаху.

Хамас „силуваше жени“ и „обезглавуваше мажи“ за време на нивниот напад на 7 октомври, додаде тој. Тој ги опиша нивните постапки како „најстрашните злосторства што може да се замислат“.

„Израел се бори против непријателот на самата цивилизација“, рече тој.

Во молбата за сочувство од меѓународната заедница, израелскиот лидер рече дека мора да се направи разлика помеѓу „намерното таргетирање“ на цивилите од Хамас и „ненамерните“ жртви во израелските напади како одговор.

„Хамас прави се за да ги држи во опасност палестинските цивили“, додаде тој.

Нетанјаху претходно изјави дека „дури и најправедните војни имаат ненамерни цивилни жртви“.

„Се надевам и се молам цивилизираните нации да ја поддржат оваа борба“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK