Им давала на децата во градинка да користат електронска цигара: кривична за негувателката во Велес

1692715234_policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

38-годишна жена, вработена како негувателка во градинка во Велес, им дозволувала на децата да користат електронска цигара, соопшти полицијата.


Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против В.И.(38) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавената, вработена како негувателка во детска градинка во Велес, овозможила на деца од градинката да користат електронска цигара.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK