Некои училишта ги добиле учебниците, но не им ги доставиле на децата, тврди министерот Шаќири

Некои-училишта-ги-добиле-учебниците-но-не-им-ги-доставиле.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за образование, Јетон Шаќири и денес пред новинарите зборуваше за доцнењето на дел од учебниците оваа година, споредувајќи дека за разлика од лани сега станува збор само за учебните материјали за шесто одделение.


Тој рече дека според информациите кои ги имаат, учебниците се доставени во поголемиот дел од основните училишта од градот Скопје и другите градови, а за онаму каде што не се ќе побара анализа од службите за колку училишта станува збор.

„Постапките за учебниците по природни науки, математика, македонски јазик се завршени и треба да бидат доставени до основните училишта. Затоа дискусијата сега се води само за шесто одделение и ќе побарам детална анализа за кои училишта и региони станува збор“, рече Шаќири.

Според информациите на Министерството за образование, има училишта кои ги добиле учебниците, но се’ уште поради некои причини не ги доставиле кај децата, дополни министерот.

Прашан дали некој ќе понесе одговорност за доцнењето, Шаќири рече дека од оваа година во Бирото за развој на образование има нов директор и вреди да се спомене дека не дошло до доцнење со сведителствата, а програмите во трето одделение се доставиле навремено. Што се однесува до седмо одделение каде од оваа година се работи според нова образовна програма, Шаќири дал краен рок постапката да биде завршена до крајот на месец ноември. Ако дотогаш не стигнат програмите, министерот најави дека ќе побара одговорност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK