Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира невистините изнесени на социјалните мрежи од страна на Наќе Чулев односно ВМРО-ДПМНЕ „за наводно непреземање на мерки во врска со напад врз полициски службеник од Единицата за интервентна полиција“.
„Напротив, преземени се сите неопходни мерки. Осомничениот С.С. е приведен и со него е извршен службен разговор. Одземен му е службениот пиштол и известен јавен обвинител, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело спречување на службено лице при вршење на службено дејствие и ќе биде поведена дисциплинска постапка“, велат од МВР.
Од таму апелираат до до Чулев и ВМРО-ДПМНЕ „да престанат да шират лаги“.