Ковачевски: Членство во ЕУ во 2030 е амбициозна но достижна цел, со вакви работи не се калкулира и не се игра со емоциите на граѓаните

Ковачевски-Членство-во-ЕУ-во-2030-е-амбициозна-но-достижна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Патот до ЕУ не е лесен, но мора да се изоди, бидејќи на крајот наградата е членство во Унија на најбогатите држави и врвно владеење на демократијата и правото, изјави на прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски.


Премиерот рече дека претстои уште многу работа, но уверен е дека членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но остварлива цел.

„Нашите граѓани ќе живеат во ЕУ горди што се Македонци, со крената глава, со македонски јазик и идентитет и побогати и со подобар стандард од она што го имаат сега“, рече Ковачевски.

За претстојното гласање на уставните измени, премиерот рече дека се надева оти оние кои секогаш биле против евроатланските интеграции сега ќе покажат дека се за европска иднина.

„Сега има можност за пристапување во ЕУ. Темата претходно во Унијата не беше тема на широк консензус, а сега сите се едногласни дека треба да има проширување, што значи обединување на Европа. Ние имаме институции кои се целосно усогласени со ЕУ. Сите да си ја земат одговорноста во свои раце. Со вакви работи не се калкулира и не се игра со емоции на граѓаните. Ќе значи повторување на еден лош филм. Лошите искуства од историјата не смеат да се повторуваат“, порача премиерот.

Во обраќањето тој се осврна на успесите на земјата во изминатите години, коментирајќи дека по деценискиот застој до статус на заробена држава, шест години подоцна, Северна Македонија е членка на НАТО со отпочнати преговори со ЕУ, кога голем број граѓани, па и земји членки на ЕУ се прашуваа дали Северна Македонија може да ги отпочне преговорите и дали може да има преговарачка рамка.

„Покажавме дека може. Имаме Влада која е транспарентна, отчетна, овоможи земјата да биде на 38 место во слободата на медиумите, наспроти 118 место на кое беше во 2016 година. Земја во која социјалната правда е основен принцип и резултира со покачување на платите и пензиите“, додаде Ковачевски.

Претседателката на Европкската Комисија, Урсула фон дер Лајен денес е во посета на земјата, на средби со државниот врв.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK